Ноќеска се прешкртани написите во Скопје и Битола кои вчера беа додадени на спомениците, дека се од хеленски период.
Кралевите на Античка Македонија како Пердика I, Архелај I, Аминта III, Александар II, Филип III и други добија табли со кои се припишуваат на грчкaта историја…
На твитер се појави и видео од акцијата на шкртањето. Истото најверојатно се случило ноќеска. Не се гледаат лица.
Жива е Македонија✊ pic.twitter.com/0Tm3BJVs61
— Опалим те голим (@Zaevistan) October 6, 2020
Обоена е и таблата пред споменикот на Филип Втори на плоштадот Магнолија.