среда, 25 ноември 2026
Најново

Ноќеска тешка сообраќајка во Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Секторот за внатрешни работи Скопје ноќеска по полноќ  било пријавено дека на крстосницата од улиците „Париска“ и „Варшавска“ патничко моторно возило “Ауди“ со скопски регистерски таблички управувано од 19-годишниот П.Ѓ. од Скопје изгубило контрола и се превртелo.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот П.Ѓ., а со телесни повреди сопатникот, 18-годишниот А.Д. од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош двајцата биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.
На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Поврзани вести