НУДАТ ВИСОКА ПЛАТА: Русите бараат копачи на ровови

Русија вработува ровокопачи за плата од 3.600 евра.

„Си-Ен-Ен“ дојде до оглас на кој се објавени слободни работни места за копачи на ровови во регионот Курск во локална група „Вконтакте“.

„Пријатели, ме замолија да ја објавам оваа објава од Курчаков. Курчаков е близок град во близина на нуклеарната централа Курск. Ни требаат луѓе да копаат ровови во Љгов. Имаат опрема, но нема возачи на машини. Плаќање секоја недела“, се вели во соопштението.

Градежна компанија во регионот на Јужен Урал во Башкортостан објави дека има потреба од работници за копање ровови во областа Курск. Во огласот пишува дека работниците ќе добиваат од 1.400 до 3.600 евра месечно.

„Обезбедуваме: три оброци на ден, сите потребни алатки, работна облека. Превозот до работното место е на товар на компанијата“, стои во огласот.

На фотографиите објавени од компанијата „Максар“ се гледаат различни делови од ровот кој оди паралелно со автопатот Е38 и железничката пруга.

Љгов е на околу 60 километри од украинската граница. Наводно, украинската војска дошла на 40 километри од градот.
Пред една недела, украинските сили влегоа во Русија и контролираат делови кај соседот агресор. На повеќе објекти, Украинците ги симнаа руските знамиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.