Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува до атомска нестабилност

Во најновиот годишен извештај на Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ) за 2025 година, се нотира загрижувачки тренд. Имено според Инстотутот девет држави кои поседуваат нуклеарно оружје – САД, Русија, Кина, Обединетото Кралство, Франција, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја – продолжиле со интензивни програми за модернизација на своите нуклеарни арсенали во текот на 2024 година.

Модернизацијата опфаќа унапредување на постоечките боеви глави и развој на нови, посoфистицирани системи на оружје.

Дополнително, СИПРИ предупредува дека глобалната контрола на вооружувањето е во опаѓање, а појавата на напредни технологии – како што се вештачката интелигенција и сè поголемото воено присуство во вселената – дополнително ја менуваат нуклеарната рамнотежа. Извештајот ја отвора дилемата дали светот е на праг на нова нуклеарна трка, овој пат поттикната не само од геополитички тензии, туку и од технолошка револуција што ги надминува постоечките механизми за надзор и безбедност.

Глобален нуклеарен капацитет – ситуација во 2025 година

Вкупниот број на нуклеарни боеви глави во светот се проценува на 12.241, од кои 9.614 се во воени резерви подготвени за потенцијална употреба.

  • Во моментов 3.912 боеви глави се распоредени на проектили или во авиони.
  • Околу 2.100 боеви глави се во состојба на готовност за балистички ракети.
  • Повеќето од овие боеви глави им припаѓаат на САД и Русија, но СИПРИ истакнува дека Кина можеби веќе држи дел од своите боеви глави подготвени за ракети во мирнодопски услови.
  • Ханс Кристенсен од СИПРИ предупредува дека ерата на намалување на нуклеарното оружје, која започна по Студената војна, сега е завршена и се заменува со време на проширување и модернизација на арсеналот.

Кина: амбициозни планови до 2035 година

СИПРИ наведува дека Кина би можела да ја достигне бројноста на ИЦБМ ракетите (интерконтинентални балистички проектили) на Русија или САД до крајот на деценијата, иако вкупниот број на нејзини боеви глави веројатно ќе остане помал.

Проекциите покажуваат дека Кина до 2035 година би можела да располага со 1.500 нуклеарни боеви глави – што сепак претставува приближно една третина од арсеналот на САД и Русија.

Преглед на нуклеарните арсенали на другите земји

  • Русија: 5.459 боеви глави (најголем арсенал)
  • САД: 5.177 боеви глави

Заедно, Русија и САД поседуваат околу 90% од светското нуклеарно оружје. Иако бројките остануваат релативно стабилни, двете земји спроведуваат обемна модернизација, што потенцијално може да го зголеми нивниот арсенал во иднина.

  • Франција: 290 боеви глави (без промени)
  • Обединетото Кралство: 225 (без промени)
  • Индија: зголемување на 180
  • Пакистан: 170 (стабилно)
  • Израел: се проценува дека има околу 90, иако официјално не го признава поседувањето нуклеарно оружје

Пронајдете не на следниве мрежи: