Нутриционистите тврдат: Еве како треба да се хранат жените по 50-та година

По 50-годишна возраст, сè се менува, метаболизмот се забавува, телото ги губи мускулите, коскената маса се разредува, а кожата брзо се влошува. За да се забават сите овие процеси, потребно е да се смени менито и да се почитуваат здравите навики.
– Околу педесеттата година од животот, телото губи еден или два процента на мускулна маса годишно – велат нутриционистите.
Луѓето кои секогаш јаделе избалансиран оброк нема да мора значително да ги менуваат своите навики во староста, но ќе мораат да направат некои ситни промени.
Дневните потреби за енергија се намалуваат за 10 проценти на возраст од 51 до 75 години, а потоа се намалуваат за уште 10 проценти на секои 10 години.
– Имајќи предвид дека луѓето во овој период од животот се обично помалку физички активни, им требаат 600 калории помалку на ден – објаснува германскиот нутриционист Улрик Громан, истакнувајќи дека постарите лица кои продолжуваат со истите навики на јадење значително ќе се здебелат со текот на времето.
По 50-та година од животот, потребно е да се намали внесот на калории, но и да се воведат повеќе протеини во исхраната. Најдобри извори се пилешко, мисирка и риба. Исто така, пожелно е да се јаде јогурт и кисело млеко во поголеми количини.
Наместо бел леб, пожелно е да јадете цели зрна, но треба да го ограничите внесувањето и на овие намирници.
На телото му треба еднаква количина на витамини и минерали, поради што постарите луѓе треба да консумираат храна богата со хранливи материи, што значи дека би било пожелно да се зголеми внесот на зеленчук – заклучува таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.