Обама во четврток во Бостон, FBI без цврсти траги

Американскиот претседател Барак Обама во четврток ќе отпатува за Бостон и ќе одржи говор на верската служба посветена на жртвите од нападот што се случи во понеделникот во текот на Бостонскиот маратон, објави во вторникот навечер Белата куќа.Бостонската полиција во меѓувреме објави дека пронашла делови од црна најлонска кеса кои можеби потекнуваат од торбата или ранецот во кој била скриена една или повече бомби детонирани на целта на Бостонскиот маратон.Специјалниот агент на американското федерално истражно биро FBI кој раководи со истрагата за нападот кој е категоризиран како терористички чин, Ричард Делорјер изјави дека истражителите пронашле и делови од лагери и шајки кои се користеле како полнење за бомбите.Делорјер изјави дека FBI засега нема осомничени. „Никој уште не ја презема одговорноста. Немаме никаква цврста информација за мотивот, осомничен или осомничени. Можеби било едно лице, можеби биле повеќе“, рече агентот.Повикувајќи се на извори блиски на истрагата, американските медиуми денеска пишуваат дека состојките на една од бомбите биле поставени во експрес лонец натискан во ранец, а дека другата бомба била слично дизајнирана. Се смета, исто така, дека станува збор за темпирани бомби активирани со тајмер, а не како што претходно постоеја информации дека рачно направените експлозивни направи биле активирани со мобилен телефон. Упатствата како може да се направи бомба од експрес лонец наполнет со шрапнели може да се најдат на интернет, пишува The Los Angeles Times.По Мартин Ричардс, осумгодишникот кој со целото семејство дошол да го гледа маратонот во кој учествувал и татко му службеник во градската администрација на Бостон, идентификувани се и другите жртви од нападот. Станува збор за 29-годишната Кристл Кемпбел од градот Медфорд и дипломец на универзитетот во Бостон чиешто име не е соопштено, пренесува Fox News.Организаторите на Бостонскиот маратон објавија во вторникот навечер дека следната година имаат намера да го организираат неговото 118-то издание, и покрај терористичкиот напад во близина на целта на трката во која се убиени три а ранети се 183, од кои 23 се во критична и 40 се во тешка состојба„Бостонскиот маратон е долга традиција, трката е интегрален дел од ткивото и историјата на нашата заедница“, се наведува во соопштението на Бостонскиот атлетски сојуз. „Сосема сме предадени на продолжувањето на таа традиција и следната година ќе се трча 118-то издание на Бостонскиот маратон“, нагласуваат организаторите.
МакфаксАмериканскиот претседател Барак Обама во четврток ќе отпатува за Бостон и ќе одржи говор на верската служба посветена

Пронајдете не на следниве мрежи: