Обама го повика Иран на надвладување на тензиите

Американскиот претседател Барак Обама ги повика иранските челници да преземат конкретни чекори на намалувањето на напнатоста и обезбедување цврст и долгорочен договор во врска со прашањето на неговата контроверзна нуклеарна програма.Во говорот по повод иранската Нова година Новруз, американскиот претседател Барак Обама истакна во понеделникот навечер дека САД, како и меѓународната заедница, се подготвени да постигнат такво решение. „Сега е моментот иранската влада да преземе итни и  конкретни чекори за да се намали напнатоста и да работи на остварувањето на одржливо и трајно решение на иранското нуклеарно прашање“.Обама секоја година по повод Норвуз, иранската Нова година, се обраќа директно до иранскиот народ и властите. „Откако ја преземав должноста, на иранските власти им нудам можност од нови односи меѓу двете земји и почеток на враќањето на Иран на местото коешто му припаѓа во заедницата на народите…, ако иранските власти ги исполнат своите обврски“.рече американскиот претседател.Обама вели дека е свесен оти дота нема да биде лесно поради длабоко вкоренетата недоверба. „Немам илузии дека ќе биде лесно да се надвладее повеќегодишната недоверба“, рече Обама. „Потребен е сериозен и траен напор за да се разрешат многу разлики меѓу Иран и САД. Тоа се однесува на сé посилниот страв во врска со иранската нуклеарна програма која му се заканува на мирот во регионот и пошироко“, рече Обама.Иран и покрај обвинувањата од Западот упорно тврди дека неговата нуклеарна програма е наменето исклучиво во цивилни цели, во прв ред за добивање електрична енергија и во медицински цели. „Иранското раководство тврди дека нуклеарната програма е наменета за производство на електрична енергија и медицински истражувања. Меѓутоа досега во тоа не успеаја да ја убедат меѓународната заедница. А иранскиот народ плаќа непотребно висока цена поради неподготвеноста на вашите челници да се позанимаваат со тоа прашање“, додаде Обама.САД сака тоа прашање да го реши по мирен пат, вели Обама и порача, дека ако нуклеарната програма на Иран е навистина за цивилни цели, дека тоа „темелот за практично решение“. „Тоа решение коешто на Иран ќе му даде пристап до миродопската нуклеарна енергија, а еднаш засекогаш ќе ги реши и сериозните прашања коишто го мачат светот, во врска со карактерот на иранската нуклеарна програма“, рече американскиот претседател.Според Обама, нема да биде лесно да се пронајде решение. „Но доколку успееме, иранскиот народ ќе види полза од јакнењето на трговијата и врските со другите земји, па и со САД. Меѓутоа, доколку иранската влада продолжи по овој пат, Иран ќе биде само уште повеќе изолиран. Иранските челници мора сега да изберат“, рече Обама додавајќи дека иранската изолација не е добра ниту за светот.„Како што вашите предци низ историјата  ги збогатија науката и уметноста, сите земји би имале полза од талентот и креативноста на Иранците, особено на младите.  Секој ден што го минувате отсечени од нас, е ден во кој не сме соработувале, не сме граделе заедно мирна и богата иднина која е во срцето на овие празници“, рече американскиот претседател обраќајќи им се на Иранците по повод нивната Нова година Новруз.
МакфаксАмериканскиот претседател Барак Обама ги повика иранските челници да преземат конкретни чекори на намалувањето на напн

Пронајдете не на следниве мрежи: