Обама на мета на критики поради даден комплимент

Американскиот претседател Барак Обама и подели комплимент на државната обвинителка на Калифорнија, Камала Харис изјавувајќи дека е „најубава“ меѓу своите колешки во државата, но набргу се извини, бидејќи беше обвинет за сексизам.„Таа е брилијантна, ангажирана и стриктна. Покрај тоа, се чини дека е најубава министерка за правда во државата“, изјави Обама на еден собир во четвртокот во Сан Франциско.Претседателот на САД веднаш се најде на удар на критики, особено од коментаторите на големите американски весници, меѓу кои и колумнистот на New York Magazine, кој оцени дека е „скандалозно“ каков пример дава американскиот претседател.Откако се врати од Калифорнија, Обама и телефонираше на Камала Харис и и' се извини поради непријатностите кои ги предизвикала неговата изјава.
МакфаксАмериканскиот претседател Барак Обама и подели комплимент на државната обвинителка на Калифорнија, Камала Харис изјаву

Пронајдете не на следниве мрежи: