ОБВИНЕТА ЗАЕДНО СО ПУТИН: Која е Марија Лвова Белова, руската комесарка за правата на децата?

Покрај рускиот претседател Владимир Путин, Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на Марија Алексеевна Лвова-Белова, комесарка за правата на децата во Канцеларијата на претседателот на Русија, поради незаконско депортирање на деца од Украина.

Рускиот лидер е обвинет дека е одговорен за воените злосторства извршени во Украина. Судот со седиште во Хаг во соопштението наведе дека Путин е „наводно одговорен за военото злосторство илегална депортација на населението (децата) и незаконското преселување на населението од окупираните територии на Украина во Руската Федерација.

ОБВИНЕТА ЗАЕДНО СО ПУТИН: Која е Марија Лвова Белова, руската комесарка за правата на децата?

Во судското соопштение, исто така, се наведува дека постојат „разумни причини“ да се верува дека Лвова-Белова „сноси индивидуална кривична одговорност“ за „военото злосторство илегална депортација на населението (децата) и незаконското преселување на населението (децата) од окупираните територии на Украина до Русија“.

Лвова-Белова оцени дека наредбата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за нејзино апсење е „дел од контекстот на ситуацијата во Украина“, и изјави дека е подготвена да продолжи со својата работа.

  • Одлично е што меѓународната заедница ја цени оваа работа за да им помогне на децата на нашата земја: да не ги оставаме во воените зони, да ги извадиме, да им создаваме добри услови, да ги опкружуваме со љубов, грижливи луѓе – беше првата реакција на рускиот комесар за правата на децата на потегот на Меѓународниот кривичен суд.

Која е Марија Лвова-Белова?

Лвова-Белова е родена на 25 октомври 1984 година. Родена и израсната во градот Пенза на западот на Русија, дипломирала на средното училиште за култура и уметност А.А.Архангелски во 2002 година како диригент.

Од 2000 до 2005 година работела како професорка по гитара во детските музички училишта во Пенза. Лвова-Белова е ко-основач и управител на регионалната јавна организација Пенза за подобрување на социјалната адаптација „Благовест“.

Од 2011-2014 г. и 2017-2019 година бил член на Граѓанскиот совет на регионот Пенза; исто така, од 2017 до 2019 година, таа била член на Граѓанската комора на Руската Федерација. Во 2019 година, таа е избрана за копретседател на регионалниот штаб на Серускиот народен фронт.

Во 2019 година, Лвова-Белова се приклучи на партијата Обединета Русија, а на 23 ноември премиерот Дмитриј Медведев и даде членска книшка. Таа потоа беше избрана во Президиумот на Генералниот совет на Единствена Русија и стана копретседавач на работната група за поддршка на граѓанското општество.

Во септември 2020 година, реизбраниот гувернер на областа Пенза, Иван Белозерцев, ја назначи Лвова-Белова за член на Советот на Руската Федерација од извршната власт на областа Пенза. По вонредните избори во 2021 година, таа беше повторно именувана од Олег Мелниченко.

На 27 октомври 2021 година, рускиот претседател Путин ја назначи тогашната сенаторка Марија Лвова-Белова за федерален комесар за правата на децата, еден месец откако претходната комесарка, Ана Кузњецова, стана член на парламентот.

Лвов-Белова е обвинета од украинските и британските официјални лица дека го надгледувала присилното депортирање и посвојување деца од Украина за време на руската инвазија на Украина. Лвов е санкционирана на црна листа од ЕУ во јули 2022 година и Јапонија во јануари 2023 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.