Обвинетите за трагедијата кај Ласкарци не чувствуваат вина

Обвинетите за автобуската несреќа кај Ласкарци пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.
Дурмиш Белули, вработениот во „Дурмо Турс“, Ремзи Мифтари, машинскиот инженер порано вработен во техничкиот преглед, Игор Ѓорѓиевски, како и возачот Маноил Трифуновски, денеска се изјаснија дека не чувствуваат вина, пренесе Радио Слободна Европа.
Обвинетите се товарат за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, при што загинаа 16 луѓе, а 38 беа тешко повредени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.