Обвинителите биле и прислушувани и следени

Нов скандал поврзан со обвинителите од ОЈО најави поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски. Не само што обвинителите биле слушани туку било следено и снимано нивното движење со видео надзор, никој нели не го провери ова??? Го прашал ли некој Јовевски за ова???, пишува Панчевски на Твитер.
Снимањето на разговорите од телефоните поставени во новата зградата на Обвинителството се одвивало најмалку две години, претходно откри државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Првиот снимен разговор на двата хард диска пронајдени во склоп на телефонската централа е од 30 септември 2016. година и за случајот е отворена предистражна постапка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.