Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова денеска ќе сведочи во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во врска со истрагата за случајот „Рекет“.
Во овој случај засега осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милевски- Кичеец на кои им е одреден притвор.
Стефанова ја води истрагата за случајот „Империја“, во кој еден од осомничените е Орце Камчев. Тој, наводно, според истрагата за „Рекет“, дал 1,5 милиони евра мито на Јовановски и Кичеец, за да запре кривичниот прогон против него.
Вчера, пак, во обвинителството сведочеше и обвинителката од СЈО Елизабета Јосифовска.