Обвинителот Мемети од ДУИ е осомничен за поткуп, институциите вредат колку луѓето во нив, вели Најчевска

Професорката по право, Мирјана Најчевска, ја искоментира последната предистрага во која врховниот судија Наке Георгиев е осомничен за примање награда за противзаконито влијание и земање на 10.000 евра со кои според МВР бил затекнат на лице место, а пријава има и за обвинител.

„Осомничениот за поткуп јавен обвинител Иџет Мемети од ДУИ, во два мандати беше народен правобранител, беше министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија. Институциите вредат колку што вредат луѓето во нив. Вие ги бирате.
Не паѓаат од небо. Вие самите сте виновни што вакви луѓе се наоѓаат на раководни позиции“, напиша Најчевска.

Пронајдете не на следниве мрежи: