Притвор се бара за 44-годишниот скопјанец кој ги запали двете возила на Бугарската амбасада.
Обвинителството попладнево соопшти дека осомничениот се товари за кривично дело „предизвикување општа опасност’ што е казниво согласно член 288 став од Кривичниот законик.
– На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише. Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот, информира Обвинителството.
Инцидентот го осуди Владата која побара брза реакција и пронаоѓање на сторителот кој потоа за кратко време е идентификуван и приведен од страна на Министерството за внатрешни работи.
Опожарувањето на двете дипломатски возила наиде и на реакции во Бугарија.
The post Обвинителството бара притвор за скопјанецот кој ги опожари возилата пред Бугарската амбасада appeared first on Provereno.



