Јавното обвинителство побара 30-дневен притвор за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, како и за уште тројца раководни лица од Министерството за економија, дознаваме од извори во истрагата.Меѓу оние за кои е побарана мерката притвор се и поранешната државна секретарка Размена Цекиќ, како и раководителот Беким Хаџиу. Тие се првите три лица за кои се отвора истрага и се бара притвор во рамките на пошироката истрага што опфаќа повеќе од 20 осомничени.Претходно, ваква мерка беше побарана само за седуммина полициски службеници осомничени за истиот случај.Дополнително, во судот беа донесени и тројца поранешни градоначалници на Кочани, кои исто така се под истрага. Обвинителството најавува дека истрагата се проширува и дека во наредните денови ќе следуваат нови детали за вмешаноста на останатите осомничени.
Пронајдете не на следниве мрежи: