Обвинителството бара 48 часовен притвор за тројца приведени поврзани со исчезнатото девојче

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување 48-часовен притвор за тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања, со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот.

(Видео) Украинска активистка се обидува да украде статуа од Исус во Ватикан
Утрово Украинка, активистка на движењето „Фемен“, се обиде да ја украде статуата на Исус од јаслите, поставена на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Мотивот е протест против руското …
(Видео) Тепачка во НБА: Нуркиќ го „шлапна“ Маршал и предизвика хаос
Кошаркарите на Далас се радуваа на победа во Феникс со 89-98, а натпреварот го одбележа друга целосно неспортска сцена. Имено, во финишот на третиот период при водство на …

Како што соопштија од Јавното обвинителство, во текот на целиот ден се преземаат дејствија за обезбедување докази.

-Јавното обвинителство и МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката. Сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани, се вели во соопштението на ЈО.

Од МВР информираат дека, СВР Скопје интензивно работи на рачистување на случајот, по што соодветно ќе ја информираат јавноста.

Инаку, во текот на вчерашниот ден беа приведени пет лицаво врска со случајот за исчезнувањето на девојчето Вања.

– Синоќа до доцните часови се работеше интензивно. Морам да кажам дека имаме приведено пет лица и обезбедено едно возило, со што се продолжува понатаму со активностите. Тоа е нешто плус што го презедовме во однос на сето она како доказ, како трага што го обезбедуваме, се со цел да дојдеме до расчистување на овој случај, изјави вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој појасни дека низа криминалистички истражни мерки се презедоа во изминатиот период се со цел да се утврдат сите овие факти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.