Обвинителството оформи предмет за токсичната прашина од РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола оформи предмет за токсичната прашина од државната РЕК Битола.

Истата во неколку наврати наместо да биде прописно складирана на одлагалиштето, од ветар се разнесуваше низ
Пелагониската котлина.

Обвинителството како што информираа од таму, ќе проверува дали се запазени сите прописи за заштита на животната
средина при одлагање на пепелта, дали било предизвикано загадување и дали било загрозено здравјето на граѓаните.

Обвинителството го оформи предметот по бурните реакции на граѓаните.

Пронајдете не на следниве мрежи: