недела, 15 ноември 2026
Најново

Обвинителството предлага куќен притвор за Артан Груби: Тој доброволно се појави пред властите и поголемиот дел од доказите се собрани

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Основното јавно обвинителство во Скопје објавува дека предложило да му се изрече куќен притвор на Артан Груби, како осомничен во случајот „Државна лотарија“.

Обвинителството вели дека откако Груби доброволно се појавил пред властите и откако биле обезбедени поголемиот дел од доказите, предложило неговиот притвор да се замени со куќен притвор.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Основното јавно обвинителство во Скопје, по добиеното известување дека второосомничениот во случајот Државна лотарија, каде што е осомничен заедно со уште пет лица, доброволно се јавил на органите на прогонот и изразил подготвеност за соработка со надлежните органи, ќе ја продолжи постапката против него со цел донесување обвинителска одлука“.

„На барање на второосомничениот преку неговата одбрана, денес тој се појави пред надлежниот обвинител, каде што ги разгледа списите на предметот, но поради големиот обем на доказен материјал, прегледот ќе продолжи во наредните денови, по што второосомничениот ќе може да ја изнесе својата одбрана“.

„Во врска со мерките за обезбедување присуство на второосомничениот во продолжението на постапката, Основното јавно обвинителство во Скопјe предложи замена на мерката притвор со мерка куќен притвор и одземање на неговата патна исправа, имајќи го предвид фактот дека поголемиот дел од доказите се прибавени во текот на постапката, дека тој доброволно се пријавил на органите на прогонот и дека постојат индиции дека неговата лична безбедност не може да се гарантира во притворската единица, индиции кои се поткрепени со известувања од надлежните органи. Исто така, индициите за загрозување на неговата безбедност се однесуваат и на членовите на неговото семејство“, соопшти Обвинителството.

Поврзани вести