Обвинителството треба да работи независно и согласно закон

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска прашан за случајот со распределбата на средства од ваучер системот од Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет (МОК) изјави дека Обвинителството треба да работи независно и согласно закон.

– Обвинителството треба да работи согласно закон независно и секој поединец во државата да може да има фер процес во кој може да ги докаже врз основа на факти случувањата што се случувале и немам што повеќе да додадам. Партија не води судски случаи, Обвинителство води судски случаи, рече Ковачевски  по средбата со раководството на Стопанската комора на северозападна Македонија.

На прашањето дали ќе побара одговорност од директорите, претседателот на СДСМ потенцира дека доколку тој биде премиер со институциите ќе раководат многу нови кадри.

– Едниот не е веќе директор, вториот по 8 мај секако дека нема да биде директор, било да сум јас премиер или не, со оглед на тоа сигурно доколку граѓаните се определат да дадат доверба на СДСМ и на коалицијата „За европска иднина“ да формираат влада, тогаш ќе имаме многу нови кадри кои ќе управуваат со институциите, рече Ковачевски.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: