Обвинителство постапува за тепачката во ЈБТ на насилни девојчици врз другарка

   Јавен обвинител од Одделението за малолетни сторители на кривични дела при Основното јавно обвинителство Скопје бил известен за настанот во кој две малолетнички физички напаѓаат друго девојче во центарот на Скопје. Дадени се насоки за постапување, информираат од Обвинителство.

На социјалните медиуми беше објавено видео од настанот, на кое најпрво се гледа вербална расправија меѓу три девојчиња,ученички во ЈБТ Скопје , а потоа и физичката пресметка. Двете насилни деволчици ја помодруваат  другарката, а другите снимаат и фаќаат сеир. Родителите ќе ги тужат насилничките а од ЈБТ молчат.
Во полицискиот билтен на МВР, стои дека на 09.02.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје В.И. (45) од Скопје, пријавил дека околу 13.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходна расправија, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички со кои се познавала.

Пронајдете не на следниве мрежи: