Дел од обвинителите кои работат на случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, како и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, денеска одржаа средба со претставници од повеќе области со цел планирање и координација на идните активности за обезбедување докази, информираат од Обвинителството.„Се издаваат барања за дополнителни проверки, анализи и наредби за вештачење на околностите кои ги испитуваат и проверуваат стручни лица. Дополнително, до овој момент за потребите на постапката издадени се наредби за анализа на податоци од над 70 мобилни телефони и 30 десктоп и лаптоп компјутери“, се наведува во соопштението на СОГОК.Иако увидот на местото на настанот и официјално е завршен, вештаците кои вршат прегледи и анализи за процедурални цели, по наредба на јавен обвинител преземаат дополнителни дејствија на местото на настанот со цел да се изврши увид и целосно да се разберат сите околности околу пожарот. За таа цел објектот се уште е обезбеден и детално се испитува локацијата“, се додава во соопштението.Јавниот обвинител од Специјалното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициско овластување и припадници на затворската полиција, претходно денеска, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражни постапки против десет полициски службеници по пожарот во Кочани.
Пронајдете не на следниве мрежи: