Министерството за здравство за прв пат од оваа година обезбеди средства за вложениот труд на приватните специјализанти. Од таму информираат дека средствата се префрлени на Универзитетската клиника за стоматологија.
Процедурата за согласноста за вработување со договор на дело, преку која ќе се исплаќаат приватните специјализанти е завршена во Министерството за здравство и во законски определениот рок. Министерството за финансии ги одобри согласностите, па приватните специјализанти по стоматологија ќе бидат целосно исплатени ретроградно за нивниот вложен труд. Исто така за нив е предвиден буџет и за наредната 2019. година, што значи дека ќе бидат исплаќани и наредната година.