На 21 –ви Март 2016 година ЈП„Македонски шуми“ заедно со Општина Илинден ќе учествуваат во глобалната прослава на меѓународниот празник „ДЕН НА ШУМИТЕ 2016“.
Обединетите Нации и членките на ФАО – Организацијата за храна и земјоделство, одлучија да го прогласат 21 март за Меѓународен ден на Шумите, и секоја година да се прославува низ светот со пригодни активности на пошумување и дебати за улогата на шумите во животот на луѓето на Земјата. Материјали и слики од активностите се објавуваат на нивниот официјален сајт: http://www.fao.org/forestry/international-day-of-forests/en
Република Македонија ќе учествува во прославата на Денот на шумите на 21-ви Март (понеделник) во 12 часот со учениците од Основните училишта „Гоце Делчев“ од Илинден, „Ристо Крле“ од Кадино, и средното учулиште „Илинден“ од Илинден, кои на локалитет одреден од Општината ќе посадат околу 500 садници под мотото „ Шума на младоста – жив споменик на младите за идните генерации“.
Учеството на сите граѓани кои сакаат да се придружат на оваа прослава е добредојдено.
ЈП – Македонски шуми
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.