Триесетгодишната телевизиска презентерка и “најбрза жена во светот“, Џеси Комбс загина во несреќа во пустината Алворд, додека се обидуваше да го урне сопствениот рекорд. Деталите за несреќата не се познати, но според американските медиуми, Американката загинала обидувајќи се да го урне рекордот.
-Нејзиниот сон беше да стане најбрзата жена на Земјата. Таа беше една од ретките сонувачи со храброст да ги претвори соништата во реалност и возеше побрзо од која било друга жена во историјата, објави нејзиното семејство.
Во септември 2013 година, Комбс стана најбрзата жена на четири тркала во светот. Тогаш таа достигна брзина од 631 км/час додека возеше автомобил на млазен погон North American Eagle Supersonic Speed. Eagle е возило составено од остатоци од млазен авион F -104 Локид Стартфајтер.
Пронајдете не на следниве мрежи:
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.