Обид за шверцување хероин во затвор Тетово

Вчера околу 11:00 часот од страна на вработени во затворот во Тетово при преглед на храна и пијалаци доставена од И.С.(61) од село Мала Речица, Тетовско во една кутија со сок била пронајдена зипер кеса со хероин. Пакетот таа го донела за нејзиниот син Ф.С.(29), кој е на издржување времена мерка притвор.
По пријавата во СВР Тетово, излезено е на местото на настанот и пронајдената материја е предадена за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.