Облачно, во западните делови дожд, а на планините снег

Времето ќе биде променливо облачно, во источните делови со кратки сончеви периоди, во западните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините ќе паѓа снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде, а пообилни ќе бидат во западните подрачја. Врнежи од снег повремено ќе има и на некои повисоки места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 8 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.