Облачно и ветровито

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ветровито, попладне со локални врнежи од дожд кои во западните подрачја ќе имаат пороен карактер со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер поради што ќе има транспорт на прашина од Африка и наместа појава на обоен дожд.


Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 17 до 24 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, а ќе дува и умерен до засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
Од среда следува период на умерено облачно и топло време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.