Облачно и врнежливо со северен ветер и пад на температурата

Денес во земјава времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, засилен северен ветер и значително опаѓање на температурата.
Од УХМР најавуват дека времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни претпладне во јужните и источните делови каде што попладне ќе завршуваат. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.
Утринската температура ќе се движи од 7 до 15, а дневната од 13 до 19 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината, претежно облачно со умерен до повремено пороен дожд и со северен ветер кој краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Нови врнежи се очекуваат на почетокот на наредната седмица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.