Облачно со дожд, за новогодишната ноќ суво време

Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои на места, особено во источните делови повремено ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. На планините во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер.
До вечерните часови врнежите речиси на секаде ќе престанат, така што за време на новогодишната ноќ во најголем дел од земјава ќе биде суво, освен во крајните западни подрачја каде се уште ќе има услови за слаб дожд, а на планините слаб снег.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.
В петок и в сабота времето ќе биде стабилно, претпладне со услови за слаба магла по одделни котлини, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Нови пообилни врнежи се очекуваат од недела.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.