Облачно со магла по котлините, од понеделник дожд

Денес времето ќе биде умерено до значително облачно со појава на магла по котлините, проследено со слаб до умерен југоисточен ветер.
Во Скопје дневната температура ќе достигне до 10 Целзиусови степени, во Маврово 9, Охрид 12, Прилеп и Кавадарци 11, Крива Паланка и Берово 8, Дојран 14…
Утре ќе биде претежно облачно со повремен дожд, поинтензивен на запад. Температурата ќе се движи од 1 до 14 степени.
За понеделник се очекува претежно облачно време со врнежи од дожд. Температурата ќе се движи во интервал од 3 до 10 степени.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: