сабота, 28 ноември 2026
Најново

Облачно утро, сончев ден со температура до 26 степени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Според прогнозата, до крајот на неделата времето ќе биде сончево со мала облачност, освен во четврток, кога ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури до четврток ќе опаднат за неколку степени, а потоа ќе бидат во пораст, особено во деновите од викендот

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во северозападните делови со услови за краткотраен дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Во текот на денот ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Ќе дува умререн, наместа засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени, а максималната ќе достигне од 17 до 26 степени“, стои во соопштението од УХМР.

Оттаму велат дека во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, попладне со мала доумерена облачност.

„Ќе дува умерен повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, а максималната тепература че биде 25 степени“,

велат од УХМР.

Според прогнозата, до крајот на неделата времето ќе биде сончево со мала облачност, освен во четврток, кога ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури до четврток ќе опаднат за неколку степени, а потоа ќе бидат во пораст, особено во деновите од викендот.

– Реклама –

Поврзани вести