Облеката ви е изгужвана, а немате време да ја испеглате? Решете го проблемот за 10 минути со коцка мраз!

Доколку имате проблем со стуткана облека која не можете да ја испеглате, овој трик може да ви помогне.
Се што ви треба е неколку коцки мраз да ги ставите во машината за сушење.
На овој начин, ќе можете да го избегнете мачното пеглање на кошули и други алишта за кои инаку одземаат многу време.
Па, што треба да правите кога немате доволно време да ја испеглате облеката?
Постапката е многу едноставна:
Облеката што сакате да ја „испеглате“ ставете ја во машината за сушење. Потоа ставете грст коцки мраз во машината за сушење и вклучете ја 10 минути. Кога циклусот ќе заврши, веднаш извадете ја облеката и закачете ја да виси на закачалка.
Што се однесува до кошулите, измазнете ги со рацете јаката, манжетните и шевовите.

Како функционира овој трик?
Со ставање на коцки мраз во машината за сушење, направивте сопствена машина за сушење на пареа. Пареата која се создава од топењето на мразот ги топи влакната и помага изгужваните делови полесно и побрзо да исчезнат.
Ова е одличен трик кој можете да го користите секогаш кога сте во брзање и немате време да ја испеглате облеката што ви треба. Додека се подготвувате, едноставно вклучете ја машината за сушење, додајте мраз и почекајте десет минути за да ја испеглате облеката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.