Хрватската пејачка Северина овие денови е во Белград каде ја најавува својата турнеја која ќе се одржи таму идниот месец, но и времето таму го искористи за гостување во српското шоу „Твоето лице звучи познато“.
Северина во ова шоу гостуваше со македонската музичка ѕвезда Калиопи, а за овој настан таа се одлучи за целосна трансформација на себе.
Ставајќи перика на себе облечена во зелен краток фустан ги истакна долгите нозе во мрежести хулахопки, а по ова фановите веднаш и порачаа дека изгледа совршено иако е близу до 50-тата.
Инаку Северина и Калиопи ќе ги гледаме оваа недела во најновата емисија „Твоето лице звучи познато“.