Обожувате да си дремнувате попладне? Тоа можеби и не е добра идеја, а еве и зошто

Луѓето со вообичаено работно време немаат време за попладневен сон. Но, многумина го практикуваат тоа за време на викендите и со тоа не си прават добра услуга, велат експертите.
“Попладневната дремка која трае подолго од половина час не е добра идеја”, тврди германскиот експерт за проблеми со спиењето, д-р Ханс Гунтер Вис.


Имено, по половина час дремка, телото запаѓа во т.н. РЕМ-фаза од спиењето, позната и како “сон во кој се сонува”, од која повеќе од 70 отсто од луѓето се будат со летаргично чувство. Исто така попладневниот сон ја одложува вечерната поспаност и затоа е многу потешко да заспиете кога треба.
“Луѓето со нарушувања во сонот треба особено да внимаваат на тоа”, напоменува Вис и додава дека сепак тоа не важи за сите.
“Има и такви кои попладне можат да заспијат без никакви последици на нивната свежина подоцна или способноста за квалитетен сон во текот на ноќта”.
Без оглед на тоа, германскиот експерт советува да не спиете попладне, а доколку сепак морате, обидете се да не спиете повеќе од половина час и не подоцна од 15 часот. Советот не се однесува на децата бидејќи тие дури во училишното доба стекнуваат способност да ги исполнуваат дневните потреби за сон навечер, во еден замав.
“Дотогаш, попладневниот сон за нив е добредојден”, заклучил Вис.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.