Обрнете внимание на факторите кои го уништуваат вашето здравје: Лошиот брак му штети на срцето!

Луѓето кои се несреќни во бракот имаат поголем ризик од срцеви болести, покажуваат податоците собрани од 1.200 луѓе, на возраст од 57 до 85 години.
Научниците додаваат дека овој ризик бил значајно изразен кај жените. Според нивните зборови, причина за тоа е што тие често во себе ги задржуваат негативните чувства, па затоа имаат поголеми “шанси” за незадоволство и депресија, кои се тесно поврзани со здравјето и кардиоваскуларниот систем.
Во 5-годишното истражување, се покажало и дека ризикот за срцеви болести дополнително расте кај оние кои се во долготраен лош брак. Лекарите утврдиле дека проблемите во врската, без разлика дали се работи за мали или големи, го зголемуваат ризикот за срцев удар, за дури 43%.


Еве уште некои фактори, поради кои срцето страда :
1. Напорна работа
Студијата покажува дека незадоволството на работа и секојдневниот претеран стрес поврзан со тоа, го зголемува ризикот од појавување на аритмија, па дури и срцев удар, но и други кардиоваскуларни болести. Некои истражувања покажале дека ризикот во тие случаеви расте за дури 39%.
2. Депресија
Депресијата, исто како лошиот однос со партнерот и емотивната нетрпеливост, може многу да влијае на срцето. Истражувањата покажале дека луѓето кои преживеале срцев удар, а патат од депресија, имаат многу поголем ризик од појава на уште еден удар, ако се споредат со оние кои не се во депресија.


3. Антибиотици
Една студија, ги поврзала дел од антибиотиците со голем ризик од срцев удар, особено кај луѓето кои веќе имаат некакви проблеми со срцето. Многу е важно да знаете дека овој тип на лекови, не смее да се консумира без препорака од лекар, и тоа од оној кој е упатен во вашата комплетна здравствена состојба.
4. Болести на непцата
Луѓето кои боледуваат од непца, имаат 25% поголем ризик од срцеви болести, од луѓето кои имаат здрави непца. Причината се многубројните бактерии од устата, кои предизвикуваат хронично воспаление и во крвните садови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.