Потребни состојки:
400 г тестенини по желба
450 г пченка
400 г кисела павлака
200 г мајонез
2 варени јајца
4 кисели краставици
1 свежа црвена пиперка
1 лажичка сенф
Сол и бибер
Начин на подготовка:
Сварете ги тестенините според упатството, сварете ги јајцата и пченката. Исечкајте на коцки краставици, пиперка и јајца.
Во садот во кој ќе ја правите салатата додајте паста, пченка, пиперка, краставички и промешајте. Додајте павлака, мајонез и сенф, сол и бибер по вкус и соединете.
На крај додајте ги и јајцата во салатата. Оставете ја салатата во фрижидер да се излади.