ОБЈАВЕНА ДЕНЕС – Колку ќе заработи принцот Хари од автобиографија

Би-би-Си јавува дека издавачката куќа Penguin Random House му платила на Хари аванс од 20 милиони долари

Книгата на принцот Хари, Spare, беше објавена денеска. Со тврда корица е по цена од 28 фунти (31,74 евра) во Британија и е достапен како аудио за 20 фунти (22,67 евра).

Би-Би-Си објави дека издавачката куќа Penguin Random House му платила на Хари аванс од 20 милиони долари за Spare. Во меѓувреме на “ET Canadi” објавија дека принцот заработил од 35 до 40 милиони долари. Ниту една цифра се уште не е официјално потврдена.

Хари најави дека дел од заработката ќе донира на хуманитарна организација

Во книгата од 416 страници, Хари ја раскажа својата приказна со „непоколеблива искреност“, се вели во соопштението на издавачот Penguin Random House, додавајќи дека книгата е „значајна публикација полна со увид, откритија и самоиспитување“.


Пронајдете не на следниве мрежи: