Реформите на пазарот на трудот се приоритети во земјите од Западниот Балкан. Според статистичките податоци, овие земји заостануваат во споредба со просекот на Европската Унија. Иако работниците во Албанија имаат најмногу работни часови во Европа, тие се наоѓаат на дното на европската листа кога е во прашање заработката на државата.
Продуктивноста во работата најдобро се мери преку односот на БДП и потрошените работни часови.
Во Хрватска, показателите на продуктивноста во работата се подобри. Босна и Херцеговина заостанува во односот на земјите членки на Европската Унија и продуктивноста е на ниво од 31% од просекот на ЕУ во 2015 година.
Според продуктивноста во работата, земјите од регионот се наоѓаат во “златната средина” на листата која ја објавува агенцијата на Обединетите Нации, која промовира социјална правда и меѓународно признати човекови и работнички права.
На листата од 189 земји која ја објави Меѓународната организација на трудот (ILO), од земјите од Западен Балкан е најдобро рангирана Хрватска, која се наоѓа на 56-тото место. Во оваа земја, еден работник минатата година во просек ја збогатил својата држава за 54.598 долари, што изнесува 27 долари на час.
Работниците во Црна Гора ја збогатуваат својата држава за 22 долари од час, додека во Македонија таа бројка изнесува 20 долари. Под дваесет долари “произведуваат” работниците на Босна и Херцеговина – 18, Србија – 13 и Албанија – 12 долари.
Статистичките податоци покажуваат дека работниците во Албанија работат 42,9 часа неделно, што изнесува 2.231 часа годишно. И покрај високиот седмичен фонд, работниците во Албанија се најмалку продуктивни и се наоѓаат на 99-тото место на светската листа.
Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (OECD), најпродуктивни се работниците во Ирска со 83,1 долари на час, а по нив следуваат работниците во Луксембург и Норвешка. Соединетите Американски Држави се најдоа на шестото место на оваа листа.
Најпродуктивни земји во светот според листата се:
1. Ирска – 83,1 долари
2. Луксембург – 81, 2 долари
3. Норвешка – 79,2 долари
4. Белгија – 64,6 долари
5. Данска – 63,5 долари
6. САД – 63,3 долари
7. Холандија – 61,7 долари
8. Франција – 60 долари
9. Германија – 59,9 долари
10. Швајцарија – 58 долари