Утрово италијанскиот весник “Ла Верита“ сподели ново видео за случајот “Рекет“. Ова е, веќе најавеното, второ видео на италијанскиот новинар, а тој најави и трето продолжение.
На снимките се слуша и гласот на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
“Не се секирај за ништо се ќе биде ОК“, му вели во еден дел Јанева на бизнисменот Орце Камчев. Камчев во видеото вели дека парите на Боки 13 му ги спакувал во соодветна торба “Луј Витон“ и дека не оди да му дава нему пари во “Адидас“ торба.