Објавени номинациите за овогодишните Оскари

Жирито на Американската филмска академија денеска ги објави номинациите за наградите Оскар за 2019 година.
Номинациите беа презентирани во живо на Јутјуб каналот на наградите Оскар.
За Оскар за најдобар филм ќе се натпреваруваат осум остварување: „Roma“, „A Star is Born“, „Green Book“, „BlacKkKlansman“, „Vice“, „The Favourite“, „Black Panther“ и „Bohemian Rhapsody“.
Во конкуренција за најдобар режисер се Алфонсо Куарон („Roma“), Бредли Купер („A Star is Born“), Спајк Ли („BlacKkKlansman“), Јоргос Лантимос („The Favouritе“), Адам Мекеј („Vice“) и Павел Павликовски („Cold War“).
Номинацијата за најдобра машка улога ја добија Кристијан Бејл („Vice“), Рами Малек („Bohemian Rhapsody“), Бредли Купер („A Star is Born“), Виго Мортенсен („Green Book“) и Вилијам Дефо („At Eternity’s Gate“).


За Оскарот за најдобра женска улога ќе се натпреваруваат пет актерки: Глен Клоуз („The Wife“), Леjди Гага („A Star is Born“), Оливиja Колман („The Favourite“), Јалица Апарисио („Roma“) и Мелиса Макарти („Can You Ever Forgive Me?“).
Номинацијата за најдобар филм од неанглиското говорно подрачје ја добија „Never Look Away“, „Cold War“, „Capernaum“, „Roma“ и „Shoplifters“.
Овогoдишната 91-ва церемонија на врачување на нагрдаата Оскар ќе се одржи на 24 февруари во Лос Анџелес.
Академијата одлучи да нема водител на гала вечерата, откако претодно избраниот водител, актерот Кевин Харт, се откажа од таа улога по обелоденувањето дека од 2009 до 2011 година тој постирал хомофобични твитови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.