Објавен официјалниот постер на СтрипТрип фестивалот






Стрип Трип го објави официјалниот постер за второто издание на фестивалот што ќе се одржи на 8-ми и 9-ти јуни во Младински Културен Центар, кога ќе биде промовиран авторот на постерот кој победи на конкурсот објавен од здружението “Макстрипови”.

Темата на конкурсот беше „Самураи во Твојот Град“, а покрај победничкиот постер и останатите селектирани дела ќе добијат своја изложба во рамки на фестивалот, кога и ќе се прогласат и победниците.

Стрип Трип Фестивалот во годинешната програма ќе содржи: дискусии и презентации на најнови домашни и регионални стрип изданија, голем број гости реномирани автори и издавачи, изложба на реномирани стрип цртачи, музичка програма, работилница за цртање стрип за деца, филмска програма и берза на стрипови.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: