Нетфликс го објави првиот трејлер и неколку нови слики за втората сезона на „Wednesday“, со Џена Ортега во главната улога, која ќе биде објавена на стримерот во два дела – 6 август и 3 септември.
Според официјалниот опис на серијата, новата сезона на „Wednesday“ ќе се фокусира на годините во кои Венсдеј Адамс како студент се обидува да ги совлада своите натприродни способности и да ја реши мистеријата во која се вклучени нејзините родители, пишува Variety.
Заплетот ќе ги врати гледачите во Nevermore Academy.
„Wednesday Addams е еден од најслатките ликови на сите времиња, па беше неверојатно да се има шанса повторно да ја играм, да се вратам во костимот и во нејзиниот тон, тоа е многу забавно. Да се игра некој кој е многу поинтелигентен од мене е и чудно и смешно“, рече Ортега.
На Џена Ортега ќе ѝ се придружат ликовите што ги видовме во првата сезона – Ема Мајерс (Енид Синклер), Џој Сандеј (Бјанка Баркли), Муса Мостафа (Јуџин), Џорџи Фармер (Ајакс), Виктор Доробанту (Thing), Кетрин Зета-Џонс (Мортиша Адамс), Луис Адамс Лугиамс) Луис-Нјаво (заменик Ричи Сантијаго), Џејми Мекшејн (шериф Донован Галпин) и Фред Армисен (чичко Фестер).
Во втората сезона ќе се појават и Стив Бушеми, Били Пајпер, Еви Темплтон, Овен Пејнтер и Ноа Тејлор.
Кристофер Лојд, Џоана Ламли, Тандив Њутн, Френсис О’Конор, Хејли Џоел Осмент, Хедер Матарацо исто така се приклучуваат на новата сезона во гостински улоги.
Лејди Гага се појавува и во улога за која не се објавени многу детали.
Тим Бартон се враќа како режисер, заедно со Пако Кабезас и Анџела Робинсон.