Штом ќе се верите, веднаш „мора“ тоа да го споделите на социјалните мрежи, но доколку ноктите не ви се средени, еве го решението…
Бидејќи правилно е запросувањето да биде изненадување, жените некогаш не се во целост подготвени за овој чин. Една дама од Мелбурн, добила понуда за брак пред да направи маникир.
Сепак, таа е можела да дочека да ја сподели оваа среќна вест со светот, па ја „позајмила“ раката на сестра си за да го фотографира прстенот.
На Твитот на нејзината сестра стои објаснување. Џена напишала „Мојата сестра штотуку рече „Да“, но нејзиниот маникир не беше подготвен“.
My cousin’s boyfriend proposed to her but she didn’t have her nails done lmao pic.twitter.com/FUwwplzkYg
— Jenna (@goodgaljenjen) November 3, 2018
На првата фотографија се гледа заљубениот пар кој го покажува прстенот, а на втората се открива дека тој се наоѓа на раката на нејзината сестра.
Овој Твит наскоро стана вирален, а до денеска е споделуван 650.000 пати. Исто така има многу смешни коментари.
„Ако ноктите не ти се средени, не можеш да кажеш „Да““, напишал Даниел.
„Дали ова би го направила за мене“, ја прашала Ана својата другарка Ем.
„Ох, Боже, нормално, само поради тоа ноктите ми се секогаш средени“, одговорила Ем.