Оваа билка го чисти воздухот и го запира хрчењето

Причините за хрчењето можат да бидат настинката, отечената слузокожа, зголемените крајници, девијацијата на септумот или отечениот јазик, како и вишокот ткиво или раб на мекото непце.
Долгорочното хрчење може да доведе до сериозни здравствени проблеми, па дури и до срцев и мозочен удар.
Но, научниците тврдат дека постои едноставен начин да го прекинете хрчењето, а не станува збор за никаква справа или операција, дури и не чини многу.
НАСА спроведе истражување кое покажа дека билката ананас (еден мал вид на ананас) во спалната соба значително го намалува хрчењето и поттикнува добар сон.


Билката Bromelia, попозната како ананас, произведува кислород навечер, а не во текот на денот како повеќето билки, што го подобрува квалитетот на воздухот, а со самото тоа и квалитетот на спиењето.
Bromelia исто така го произведува и ензимот бромелаин кој го смирува хрчењето кај луѓето.
Bromelia најмогу се одгледува во Холандија и потребни се околу две години да се појави првиот мал ананас на врвот од билката.
Но, треба да внимавате, ова е исклучително украсна билка и ананасот од неа не е за јадење- што може да се види и според големината (тој е многу мал) и според бојата (многу потемен од обичниот ананас).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.