Оваа година ќе биде најтопла досега

Научниците од американската Национална управа за океаните и атмосферата објавија дека има 75 проценти можност 2020 да биде најтопла година во историјата од кога се вршат мерења.
Тие наведуваат дека првите три месеци од годинава биле потопли само во 2016 година, кога е забележано силно влијание на Ел Нињо, кој го загрева Пацификот и влијае на просечните температури на воздухот во светот.
Според научниците овогодинешното загревање е невообичаено, а најверојатно е последица на долгогодишните емисии на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина по согорување на фосилните горива.
Научниците истакнуваат дека дури и да не биде најтопла година, тогаш сигурно ќе биде помеѓу петте најтопли досега.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.