Оваа европска метропола поминува низ пекол- бројот на новозаразени драстично расте од ден на ден

Во изминатите 24 часа во Австрија се регистрирани 242 нови случаи на зараза со коронавирусот од направени 6.219 тестови, со што бројот на нови пациенти останува висок, а а во исто време расте и бројот на хоспитализирани.
Како и претходните денови, Виена повторно е главниот фокус со 94 нови инфекции, пред Стирија со 36 нови случаи, и Долна Австрија со 29 и Горна Австрија со 20.
Откако до вчера бројот на хоспитализираните изнесуваше 116, денеска тој се искачи а 135 луѓе на болничко лекување.
Во исто време, бројот на пациенти на интензивна нега остана непроменет на 23.
Во во последните 24 часа почина едно лице, со што бројот на смртни случаи достигна 733.
Од почетокот на епидемијата во Австрија вкупно се заразени 25.402 лица

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.