Куќите кои можат да се испечатат со помош на 3D принтер, полека стануваат хит во градежништвото, а постојат модели кои можат да се направат во период од 24 часа и кои чинат помалку од 4.000 долари.
На почетокот на оваа година, компанијата „Branch Technology“ го развила прототипот на изработка на 3D куќи, со големина од 93 метри квадратни, кои чинат 300.000 долари, а тоа е превисока цена за куќата да може да се смета за решение за глобалната криза за купување имот.
Сепак, во март оваа година, компанијата „New Story“ која дизајнирала 3D принтери, ја претставила својата „прва 3D печатена куќа во Америка“, со големина од 35 квадратни метри, која чини околу 10.000 долари, а за изградба, потребни биле 48 часа.
Во тоа време, 3D принтерот „Vulcan“ работел со 25% брзина, поради што во компанијата верувале дека можат да направат куќа со големина од 37 до 74 метри квадратни, за 24 часа, која би чинела 4.000 долари или помалку. Пред користење на 3D принтерот, на „New Story“ им биле потребни осум месеци за изградба на 100 куќи, а секоја чинела околу 6.000 долари.
Фазата на тестирање е спроведена во Остин во Тексас , а компаниите планираат да почнат да градат куќи наредната година во Ел Салвадор
„Vulcan“ може да произведе куќа на местото на кое таа ќе стои, бидејќи машината е лесно подвижна. Прототипот на куќата содржи дневна соба, спална соба, купатило и мал простор за работа.