ОВАА МЛАДА ДЕВОЈКА ИМА АНГЕЛСКО ЛИЦЕ НО ОД НЕЈЗИНАТА ФОРМА СЕ ПЛАШАТ И НАЈХРАБРИТЕ МОМЦИ

Владислава Галаган е руска бодибилдерка која живее и работи во Прага, а неодамна се најде во центарот на вниманието на социјалните мрежи бидејќи и беа украдени видеата и фотографиите на кои таа е целосно гола. Почнаа да кружат на Интернет, но убавата бринета и пред тоа редовно беше мета на разни коментари под нејзините објави.

Имено, оваа Русинка е исклучително популарна на социјалните мрежи – само на социјалната мрежа Инстаграм ја следат над 400.000 луѓе, но токму оваа слава ја изложи на бројни осуди и негативни коментари.

ОВАА МЛАДА ДЕВОЈКА ИМА АНГЕЛСКО ЛИЦЕ НО ОД НЕЈЗИНАТА ФОРМА СЕ ПЛАШАТ И НАЈХРАБРИТЕ МОМЦИ

Владислава е многу убава девојка со нежни црти на лицето, па малкумина очекуваат од неа да има физичка структура која може да одговара на машката. Таа е страсна кон бодибилдингот, а тоа ја направи да изгледа многу развиено – има огромни бицепси, челични стомачни мускули, широки раменици, истакнати мускули на нозете…

Поради својата специфична фигура, таа дури го доби и прекарот „Хулк“, а додека многумина се импресионирани од нејзината фигура, други веруваат дека таа едноставно претерала и ја „убива“ својата женственост.

ОВАА МЛАДА ДЕВОЈКА ИМА АНГЕЛСКО ЛИЦЕ НО ОД НЕЈЗИНАТА ФОРМА СЕ ПЛАШАТ И НАЈХРАБРИТЕ МОМЦИ

„Не разбирам како некој со здрав ум би си го направил ова“, „Убава девојка, се додека не го видиш нејзиното тело“, „Зошто реши да станеш маж“, „Ова е премногу“ , се само дел од коментарите на нејзината сметка под нејзините објави на социјалните мрежи. Секако, има и многу кои тврдат дека таа е „најубавата жена“.

Владислава секако не обрнува внимание на навредите и коментарите, а често позира во кратки и тесни фустани и воопшто не се откажува од својата женствена страна. Напротив, сака да го истакнува тоа!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.