Оваа млада мајка не ја знаела својата дијагноза па ја убиле протеинските шејкови: Била опседната со вежбање

Само да знаела, сè би било поразлично. Меган не ја знаела својата дијагноза па нејзината исхрана воглавно се состоела од тешки протеини кои предизвикале смртоносно собирање на амонијак во крвта. Дваесет и петгодишната девојка воедно е мајка на две деца, а за жал причината за смртта биле протеинските шејкови кои непрекинато ги консумирала.
Трагичната приказна ја раскажала нејзината мајка Мишел за да ги запознае и другите луѓе со тоа за да не им се случи истото како на нејзината ќерка. Нејзината ќерка не би ја убиле протеинските шејкови доколку знаела дека има пореметување на циклусот на урина затоа што така би знаела дека не смее да ги консумира.


Мајката на денот кога дознала дека нејзината ќерка се “срушила“ тргнала кон нејзината куќа за да ги посети нејзините внуци. Два дена подоцна ја добила веста дека нејзината ќерка е мртва.
Ожалостената мајка вели дека опседнатоста на нејзината ќерка со фитнесот се покажало како смртоносно и дека оваа нејзина приказна може да послужи како предупредување за другите луѓе.
Таа тврди дека по бременоста, нејзинатат ќерка сакала да поминува многу повеќе време во теретана за да ослабне.
Откако утврдила дека преку вежбањето се враќа во старата форма, Меган почнала да се интересира за боди билдинг и натпреварувања во тој спорт.
За жал, не знаејќи дека има пореметување со циклусот на урина, поради голем внес на протеини, амонијакот дошол до мозокот и предизвикал неповратно оштетување.
„Тоа беше тивок убиец, а бескрајните протеински напитоци и опасните диети беа фатални по животот на Меган. Не знаевме дека нејзината опседнатост со здравјето ќе ја убие неа“ – раскажала нејзината мајка.


Докторите по смртта на Меган направиле тестови и утврдиле дека и мајката и ќерката имаат исто генетско пореметување.
За среќа, доколку навреме се дијагностицира, нема ништо да се случи. Набрзо по смртта на нејзината ќерка, мајката нашла начин на исхрана кој го направила со помош на тренер и бил полн со протеини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.