Оваа намирница има повеќе железо од спанаќот: Ја користи и Новак Ѓоковиќ – го подобрува имунитетот, видот и нервите

Спирулина е алга која што го подигнува имунитетот, го чисти организмот, ја подобрува крвната слика и има позитивно влијание на целиот организам.
Еден од најстарите жители на нашата планета е малата модро-зелена алга, со спирален облик.
Во езерата и океаните живее повеќе од три милијарди години.

Тоа е спируална алга која што во некои делови од светот, позната е како ”зелена крв” затоа што го чисти организмот и ја зголемува енергијата.
Многу од древните народи ја користеле за лечење и зајакнување на организмот.
Оваа алга е позната како најбогат извор на бета каротен затоа што го содржи 10 пати повеќе отколку морковот.


Таа исто така во себе ги содржи и сите девет есенцијални масни киселини.
Богата е со витамини и минерали, а една доза спирулина во прав содржи повеќе железо отколку две шолји спанаќ.
Ги штити нервите и видот
Оваа алга содржи зеаксатин – моќен антиоксиданс кој е погоден за нервен систем и очите. Делотворна е и при труење со тешки метали, затоа што ги врзува, а потоа помага во нивно исфрлање од телото. Ефикасна е и против штетно зрачење.
Помага во слабеење
Алгата помага и во борбата со килограми затоа што брзо создава чувство на ситост. Ја дава потребната енергија, а не содржи шеќер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.